ДАЛИ СТЕ БУДНИ?
 
 

„Еден човек нашол орлово јајце и го ставил под една кокошка. Орелот излегол како и останатите пилиња и пораснал со нив. Целиот живот орелот го поминал работејќи што и кокошките во дворот, мислејќи дека е еден од нив. Клукал наоколу во потрага на бубачки и глисти, кокодакал и ширејќи ги крилата се издигнал некоја педа над земјата.

Поминале години и орелот остарел. Еден ден погледнал во висината, на ведрото небо, чудесна птица со моќни раширени крила, како лебди над ветрот. Стариот орел заблуден гледал кон висината над него.

    • Што е тоа? – прашал.
    • Тоа е орел, крал на птиците, – му рекла една од кокошките. – Тој припаѓа на небото, а ние кокошките припаѓаме тука на земјата.

И така орелот умрел меѓу кокошките, не знаејќи кој е.“

Несвесниот живот не е вреден да биде проживеан. Кога ќе ги отфрлите сите илузии и станете свесни за себе и за светот околу вас, ќе ја откриете целата убавина на животот на земјата.

Antonio De Melo

Луѓето живеат заспани. Се раѓаат заспани, живеат и подигаат фамилија заспани, умираат заспани. Зошто? Можеби одговорот лежи во причината што тие така и најсигурно се чувствуваат. Будењето не е пријатно. Будењето само ве вознемирува.

Ако вие спиете, немојте да мислите дека зборовите од ова парче хартија имаат намера да ве разбудат. Никако. И покрај се, не ни можат подеднакво да бидат прифатени. Како што и некој рекол: Природата по дождот е секогаш сита, но од неа расте трње во пустината и цвеќе во оазите.

За да можете да се разбудите, тоа што ви е потребно не е енергија, не е сила, младост, ниту пак вишок интелегенција. Тоа што ви е потребно е спремност да научите нешто ново. Можноста за будење е во дирекна пропорција со количината на вистина што сте спремни да ја примите. Прва реакција. Страв. Ние сите се плашиме од непознатото, новото. Или не. Ние во суштина се плашиме да не го изгубиме тоа што веќе ни е познато. Исус донел добра вест и пак бил отфрлен, не затоа што била добра, туку затоа што била нова.

-----=========[ xexe ]=======---------

Затоа ќе кажам дека ние водиме механички живот, со механички мисли и чувства. Се покоруваме на минатото, потпаѓаме под секојдневната рутина, па дури и стануваме робови на механички акции и реакции.

- Баш ти е убава таа кошула. Ви се допаѓа да слушнете таква реченица? Го зајакнува вашето его. Но, каква врска има вашата кошула со вас? Лажното „јас“ влегло во игра и затоа се чувствувате добро.

Некој некогаш рекол: Да му се заблагодариме на господ за реалноста, како и за можноста да побегнеме од неа. Значи тоа е тоа што ни се случува. Ние сме механизирани, контролирани. Колку е убаво да седиме во таков затвор, контролиран од другите.

Ако си признаете себе си дека се чувствувате добро кога ќе ви кажат дека сте ok, спремете се да се чувствувате лошо кога други би ви рекле дека не сте. Се додека живеете да ги задоволите очекувањата на другите, потребно е да внимавате како се облекувате, како се чешлате, да одговарате на туѓото расположение или актуелна мода.

Затоа зборовите на другите не треба да ви бидат огледало на вашиот лик. Причината е главно во тоа што ние ги контролираме своите мисли и чувства, независно од објективната реалност, заедно со убедувањето дека другите луѓе ни помагаат.

САМ СИ НА ОВОЈ СВЕТ. Успехот што го постигнуваш е само твој. Не дозволувај да твојот успех зависи од публиката, затоа што ќе ти се намали умешноста. Кога стрелецот гаѓа без никаква награда, тоа го прави со целата своја способност. Кога гаѓа за бронзен медал, веќе е нервозен, а кога гаѓа за златен трофеј, станува слеп. Повеќе мисли на победата отколку на гаѓањето, а потребата за победа му ја одзема умешноста.

Затоа правете го тоа во животот што ви носи среќа, поради чувството кое следи, а не поради етикетата што ќе ви ја залепат. Само така ќе ја исцрпите целата умешност од вас и бидете свесни. Само така ќе ја контролирате работата која сте ја започнале, во спротивно таа ќе ве контролира вас. Луѓето се секогаш робови на работи за кои не се свесни.

БИДЕТЕ СВЕСНИ, ОСЛОБОДЕТЕ СЕ ОД ИЛУЗИИТЕ И ПОЧНЕТЕ ДА ЖИВЕЕТЕ. „ Вљубен сум, ама ме разочара“ – ми рече некој пред извесно време. Како се вљуби, не знам. Како се разочара, уште помалку. Ама едно знам. вљубени сте во идејата за одредено лице, однапред создадена идеја диктирана со надеж. вљубени сте само во идејата, во својата предрасуда за одредена личност. Така и се одљубувате, само вашата идеја се менува.

„Како можеше да ме разочараш, кога толку многу верував во тебе?“- се случило да кажете некому. Никагаш ние не веруваме во другите луѓе. Тоа во кое веруваше е само сопствениот суд за одредената личност. Но, потоа на некого не му е лесно да признае дека неговата пресуда била грешка, па затоа вината само ја префрламе: „Како можеше да ме разочараш?“

И еве тука на скоро самиот крај од текстот ќе повторам.

Не се преокупирајте со проблематиката на прашањата: Кој е бог? Или дали постои живот после смртта? Живејте го животот сега, во овој момент, денес. Само луѓето што не знаат што да прават во овој живот, преокупирани се да знаат што ќе прават со другиот. И нека не ве мачи помислата да станете етикетиран човек или голем бизнисмен. Да живееш не значи да правиш пари. Да живееш значи да ги пуштиш сите препреки да паднат и да постоиш во сегашноста. Да дадеш љубов за да можеш и да побараш. Да пружиш рака за да можеш пријател да најдеш. Но, да бидеш ли претпазлив? ДА. Ќе ви раскажам само уште една приказна.

„Едно дете шетало покрај река и видело женски крокодил уловен во мрежа.

    • Те молам смилувај се и ослободи ме, – му се обратил женскиот крокодил. – Знам дека сум грда, но не сум јас крива. Таква сум родена. Во мене чука мајчинско срце. Дојдов тука да најдам храна за своите деца и се најдов заробена во оваа мрежа.
    • Ако те ослободам, ти ќе ме дограбеш и убиеш, – одговорило детето.
    • Зарем можам да го сторам тоа на својот спасител, – му возвратила жената крокодил.

Детето потоа ја ослободило, а таа го зграпчила со забите.

    • Тоа ли е благодарност за моето добро дело, – викнало детето.
    • Немој да го сватиш ова премногу лично, мали мој. Но, таков е животот, тоа е законот на животот, прашај кого сакаш.“

Запомнете, кога ќе се разбудите, кога ќе сватите и спознаете, светот станува поубав. Навистина. Но, проблемот на злото дури и тогаш ќе ве вознемирува повремено. Таков е законот на животот.

 

Ана Крстевска

Текстот е пишуван според книгата „Будење“ oд Антонио Де Мело

 

 

[ welcome | what's new | student exchange | congress | articles | history | the discussion list | the people | contact | help ]
© Macedonian Dentistry Students' Association 1999-2005

Home