Kuala Lumpur 2001 IADS World Congress
 

Oд 26 септември до 2 октомври 2001 година во Куала Лумпур, Малезија се одржа годинашниот конгрес на Интернационалната Асоцијација на Студенти по Стоматологија, кој воедно беше и местото и времето за прославување на 50 годишниот јубилеј на ИАДС (формиран во Копенхаген во 1951 година). Истовремено со Конгресот на ИДАС се одржа и конгрес на ФДИ ( Светската стоматолошка федерација ) и познатиот светски саем за стоматологија, па во таа една недела, Куала Лумпур беше град - светски центар на стоматологијата. Тропската клима, неверојатното опкружување и интересната храна ќе беа доволни да ги направат посетителите да се чувствуваат како да се на друга планета, но во овој случај бројните стоматолошки случувања направија тоа дефинитивно да биде планета на стоматолозите ;)

Во рамките на организираните активности, делегатите на земјите членки на ИАДС (меѓу кои и на Македонија) имаа можност да се разменат информации за активностите на студентите по стоматологија во своите земји, како и да разговараат за проекти на кои може да работат заедно. На Генералното собрание се дискутираше за програмата за студентска размена, која е најпознатиот начин за соработка меѓу студентите по стоматологија од светот во рамките на ИАДС, при што беа презентирани и успешно остварените размени во кои зеде учество и СССМ. На јубилејниот конгрес на ИАДС бројот на земјите членки се зголеми со прифаќањето на барањата за членство на универзитетите од Лисабон, Португалија; Дар-ес-салам, Танзанија; и од Гана. Беше договорено следниот полугодишен состанок (Mid Year Meeting) да се одржи во Чешката Република, во Прагаод 7 – 10 Март, а следниот конгрес на ИАДС да биде во Шарм Ел Шеик, Египет во Август 2002. На третото заседание на Генералното Собрание на ИАДС беше избрано и новото раководство - Извршниот комитет на ИАДС за 2001-2002. На наше задоволство, делегатот од Македонија, Александар Нечаковски беше избран за член на Извршниот Комитет на ИАДС на местото Уредник на изданијата на ИАДС. Со ова се отвораат можности за поголемо вклучување на студентите по стоматологија од Македонија во работата на оваа најголема и најстара светска асоцијација на студенти по стоматологија.

Самото присуство на ваков настан од светски размер е огромно искуство и можност за запознавање со колеги од целиот свет, размена на идеи и знаење но истовремено и можност за дружење. Со тоа главните цели на ИАДС – зближувањето на студентите-стоматолози од светот за размена на знаења од стоматологијата на меѓународно ниво беа остварени на најдобар можен начин.

 

IADS_kl01.JPG
IADS_kl01.JPG
IADS_kl02.JPG
IADS_kl02.JPG
IADS_kl03.JPG
IADS_kl03.JPG
IADS_kl04.JPG
IADS_kl04.JPG
IADS_kl05.JPG
IADS_kl05.JPG
IADS_kl06.JPG
IADS_kl06.JPG
IADS_kl21.JPG
IADS_kl21.JPG


IADS_kl08.JPG
IADS_kl08.JPG
IADS_kl09.JPG
IADS_kl09.JPG
IADS_kl14.JPG
IADS_kl14.JPG
IADS_kl11.JPG
IADS_kl11.JPG
IADS_kl12.JPG
IADS_kl12.JPG
 

 
IADS_kl28.JPG
IADS_kl28.JPG
IADS_kl29.JPG
IADS_kl29.JPG
IADS_kl30.JPG
IADS_kl30.JPG
IADS_kl31.JPG
IADS_kl31.JPG
IADS_kl32.JPG
IADS_kl32.JPG
IADS_kl33.JPG
IADS_kl33.JPG
IADS_kl34.JPG
IADS_kl34.JPG
IADS_kl35.JPG
IADS_kl35.JPG
IADS_kl36.JPG
IADS_kl36.JPG
IADS_kl37.JPG
IADS_kl37.JPG
IADS_kl38.JPG
IADS_kl38.JPG
IADS_kl39.JPG
IADS_kl39.JPG
IADS_kl40.JPG
IADS_kl40.JPG
IADS_kl41.JPG
IADS_kl41.JPG
IADS_kl49.JPG
IADS_kl49.JPG
IADS_kl43.JPG
IADS_kl43.JPG
IADS_kl44.JPG
IADS_kl44.JPG
IADS_kl45.JPG
IADS_kl45.JPG
IADS_kl46.JPG
IADS_kl46.JPG
IADS_kl47.JPG
IADS_kl47.JPG
IADS_kl48.JPG
IADS_kl48.JPG

photos by Taskin Tuna, Germany

[ welcome | what's new | student exchange | congress | articles | history | the discussion list | the people | contact | help ]
© Macedonian Dentistry Students' Association 1999-2005

Home