Intro
Никогаш не сум бил на каков било конгрес од стоматолошки тип , па си
реков - ај да одам на овој . Пари официјално да бидам дел од конгресот
немав ( 600 US долари ) , па го искористив пријателството со мојот добар
пријател Faik Ersoy кај кого преспивав и кој ме шеташе низ Истанбул
, пријателството со Eszter Somogyi - Унгарката , секретар на IADS, преку
која влегов на конгресот, како и виртуелните пријателства со Турците,
нашите колеги Онур и Серкис кои ми дозволија да ја представувам Македонија
на Генералното Собрание иако не бев официјален представник .
|
General
Assembly of IADS
Благодарејки на Eszter , Serkis i Onur - ја добив честа да ја представувам
МКД на
генералното собрание . Бидејки луѓето не очекувале Македонец да видат
на конгресот , не се снабдиле со наше знаме , па ми рекоа да изберам
под некое знаме (делегација ) да седнам . Седнав под Турско знаме како
гест на благодарност кон моите турски колеги, што кај нив резултираше
со уште поголеми симпатии према мене и се надевам мојата нација (само
да не им текне пак да не поробуваат) .Воопшто и не сонував дека на ова
собрание главна тема ќе биде МКД , односно нејзиниот предходен представник
- Валентина Стерјова , која била и председател на IADS во 1997-98 (
Wow - ние председатели !! ) Имено, девојката (Валентина ) за која прва
пат чув дека постои - сега живее некаде во Лондон и на некоја клиника
работи , а додека била председател на IADS направила сметки не повеќе
ни помалку - туку 4 илјади и 561 запирка 66 ФУНТИ !! ( ова после запирката
се пени - колку ли се прецизни !!) За сите оние кои мислат само во Дојч
марки - тоа е 12 илјади марки ! А замислете - контото на IADS е само
5 илјади фунти .
Но , за да нема некои недоразбирања
, ќе ја почнам приказната од почеток , за сите Вие поубаво да ја разберете
.
1.
Писмо од Валентина Стерјова упатено до конгресот на ИАДС во Истанбул
.
Бидејќи
Валентина Стерјова не беше присутна на конгресот , таа упатила писмо
( потпишано од неа лично ) - со барања за да и се исплатат сите нејзини
трошоци кои ги направила во име на ИАДС додека била претседател . Ова
писмо има наслов :
“Expences
related to the Immediate Past President for the period of 1997 - 1999"
Presented at the 46-th General Assembly - Istanbul , August 1999
Во
него Валентина поднесува детална анализа на сите сметки кои ги направила
.Еве неколку од нив :
Plane
ticket Tessaloniki-London
|
09/11/96
|
620
USD
|
Bus
ticket Skopje-Beograd
|
13/10/97
|
80USD
|
Telephone
bills
|
02-09/98
|
385GBP
|
Сите трошоци се објавени во три табели . Вкупната сума за побарување
е 4561,66 Англиски фунти . До сега Валентина на два пати подигнала
суми од по :
1200 фунти ........во Октомври 1997 и
1700 фунти ........во Февруари 1998
ИАДС и останал должен уште 1661,66 фунти .
Сите вие кои сакате подетално да го погледнете ова барање , кликнете
на овој линк :
“Expences related to the Immediate Past President
for the period of 1997 - 1999 "
На крајот од ова барање , Валентина споменува и за тоа дека успеела
да добие донација од Денталниот Институт на Стоматолошкиот факултет
- Скопје , во износ од 2200 Американски долари . Цитат :: "I
have also been able to raise 2200 US dollars for the Congress in Korea
donated by the DENTAL INSTITUTE in Skopje "
2.
Извештај на Ад хок Комитетот на ИАДС во врска со финансиите
Ова
е следниот документ на кој налетав на конгресот . Составен е од три-члена
комисија во состав :
Melissa Robson - Treasurer 1998-9
Eszter Somogyi - IEO 1998-9
Sigrud Pohl - NEO Germany
Во ова известување се зборува за сомнежот на ИАДС комитетот кон сметките
на Валентина ,посебно за автобуските и авио билетите , за кои се вели
дека се многу големи ( цитат : "However , the commitee has found
the mentioned expences very high ..." ) . И поради тоа дава сугестија
до Генералното Собрание на ИАДС да , цитирам : "We wouldn`t pay
any further money to her , until she gaves us a more detailed report
, for which she has the opportunity at the MYM Budapest , February 2000
" .Да не должам многу , еве го известувањето на Ад Хок комитетот
на ИАДС . Кликнете на овој линк :
"Ad
Hoc Committee report on Finances"
3.Расправа
во врска со Валентина и нејзините сметки на Генералното Собрание (ГА)
на ИАДС
На
тоа Собрание и јас учествував како неофицијалне претставник без право
на глас , се со цел за да се запознам со ситуацијата .Кога видов дека
премногу почнаа да ја напаѓаат Валентина , па потоа се прерфлија и на
мене , како претставник на Македонија , во едночасовна дискусија во
4 точки ја бранев Валентина , а со тоа и честа на мојата татковина .
4. Мојата одбрана на Валентина беше :
- Зошто ИАДС не
и исплаќал за секоја сметка веднаш пари како што е нормално ? Крис
Ор ( Претседателот на ИАДС ) реце дека вообицхаено пари од ИАДС сметката
мозат да подигнат благајникот и претседателот ( Валентина ) , ако
заедно појдат во Барклејс Банката и се потпишат на чекот за подигање
пари . Тоа важело за сите претседатели и благајници претходно , но
"од необјасниви причини" - на Валентина не и било дозволено да биде
потписник на банковната сметка на ИАДС цело време додека била претседател
!!!! . И нормално Валентина си трошела , и сето тоа си го собирала
за да на крај им бара токава сума на пари ! Зошто на Валентина не
и се дозволило да биде потписник ???
- Сите сметки
се од 1996 до 98 година , а за нив се расправасхе дури во летото 1999
година во Истанбул ! Им реков на лугето дека никој во светот нема
да мозе да Ви потврди дали овие сметки биле вистински после поминати
2-3 години . Па што чекале батките од ИАДС толку ?? Не може да се
проверува сметка од 1996 да ли е исправна или не во 1999 година .
Требало тоа на време да го направат .
- Не е учтиво да
се расправа и да се донесувааат одлуки во врска со член ( Валентина)
ако не е тука .
- Слично вакво
однесување како Валентина искажале и две членки на ИАДС кои во Мајами
едната изнајмила такси и потрошила околу 200 УСД за шетање наоколу
за да ги "разгледа " убавините на Флорида , а втората користела цели
7 дена "Pаy Тv" во нејзината соба и за тоа потрошила неколку стотици
долари . Сакала девојката да гледа "филмчиња" во соба :)) . Ниедна
од нив не е санкционирана.
5.
Одлука на Генералното Собрание на ИАДС во врска со Валентина
Мојата
одбрана резултираше со предлог целиот овој случај да се префрли за MYM
состанокот во Будимпешта , во фебруари 2000 , каде би требало Валентина
да се појави и лично да поднесе извештај . Овој мој предлог беше подржан
од Германскиот NEО - Sigrud Pohl . Со гласање , ГА на ИАДС го прифати
мојот предлог . Случајот со Валентина се префрли за во Будимпешта .
Post
Festum : MId Year Meting of IADS - Budapest , Febryary 2000
На
овој состанок на кој присуствуваше нашиот нов НЕО - Даниела Велеска
, се донесла одлука да преостанатите пари (16661,66 фунти ) не и се
исплатат на Валентина Стерјова бидејки парите кои до сега ги земала
ги покриваат нејзините трошоци . Да не должам премногу , извештајот
на Даниела Велеска можете да го видите ако кликнете на овој линк :
"IADS
Mid-year meeting Budapest 2000"
Мој
мал коментар : Пишав еден текст во врска со овој случај , и во него
го пренесов и мојот ГОЛЕМ РЕВОЛТ за срамот кој Валентина и го нанесе
на Македонија . Бев нападнат дека сум премногу субјективен , дека не
сум во право . Но , тоа беше мое лично мислење и чуство донесено од
Истанбул - кое не можам да го сменам . Под препорака на мојот многу
мил и ценет пријател Саркис Созкес - претседателот на ИАДС , решив да
го преправам првобитниот текст ( кој што сега го гледате) без никакви
мои коментари . Ви оставам на Вас , драги читатели на “Дентиција“ сами
да пресудите во врска со овој случај .
Како основа за овој мој текст , а истовремено и како “доказен материјал“
се послужив со двата докумети од конгресот во Истанбул :
“Expences related to the Immediate Past President
for the period of 1997 - 1999 "
"Ad Hoc Committee report on Finances"
Копиите
на овие два документи се во мои раце, во рацете на Александар Донев
( Главен и одговорен уредник на Дентиција ) и Александар Нечаковски
(Главен и одговорен уредник на Дентиција оn-line) . Кoј сака во живо
да ги види овие документи , нека се обрати до горе споменатите . Се
разбира , оргиналите на овие документи се во седиштето на ИАДС , во
Лондон .
Fun
Забавата беше навистина доживување . Имавме стоматолошка забава
( како што ги правиме во МандаРоса ) , ама сега беше малку поинаква
- беше на самиот Босфор и на неа беа 300 студенти по стоматологија од
целиот СВЕТ !
Conclusion
Се запознав и со Christian Gaucci од Малта , организаторот на следниот
конгрес на IADS кој ќе се одржи во Малта , во август 2000 година . Човекот
ми даде пропаганден материјал кој го предадов на моите колешки Даниела
и Славица и се надевам дека ќе имате можност да го разгледате , па ако
имате 500-600 долари , или пак некој пријател во Малта , одете -нема
да зажалите , забава дефинитивно ќе има , а со малку труд и волја -
ќе добиете и можност достојно да ја репрезентирате нашата држава .
За
сите информации одете на сајтот на IADS
- Малта 2000 :
Бобан Фиданоски