Лице в лице
 
 

Човекот го остава видливо она што би требало највнимателно да го прикрие од погледите на другите - Кога би било како некогаш во Венеција, за време на карневалот, каде навиката и учтивоста дозволувале катадневна употреба на маска и кога на крајот би сознале да чинот на демаскирање и нудење на видливото лице на друг е важен чин, чин на кој не би му недостасувало ниту празничност, ниту значење, ниту чувство на доверба, тогаш би ја осознале и вреднувале необичноста и чудесноста на нашата професија.

Лице - носител на сите направи кои се неопходни за прием на емисии чиј извор не е во контакт со нашето тело. Потполноста на познавањето на околината се ограничува на должината на нашата рака или нога. Надвор од тоа егзистираат ширења и зрачења со секаков вид, неспоредливи едни со други. Чудесно е тоа што сепак можеме да ги препишеме на нешто сите тие меѓусебни сензации и дури и да не забележиме да гласот на човекот кој ни говори, и бојата, и обликот на неговото лице се прекрасно совршени феномени кои се соединуваат и поистоветуваат, причинувајќи пријатно или непријатно доживување.

Лице - негова маркантност е дистанцата. Тоа дава и прима на отстојување. Поставено на механизам од илјадници неурони кои го водат во бесконечноста, каде неизвесноста е двигател на сензибилното, скриено длабоко под кожата. Лицето поседува необична подвижност која се однесува на примарното возбудување во моментот. Погледот, таа моќна експресија, набирање на челото, собирање на ноздрите и веѓите, формата на усните, сето тоа нагласува, сака, трпи, чека, предизвикува, осудува, прашува, одбира… Сето тоа се менува од час на час, се до желба за подобар прием или одбив на што доаѓа од просторот.

Лице - можеби е тоа најмоќната алатка која стоматолозите ја поседуваат. Правилното дијагностицирање, употребата на турбина, соодветен борер, се е тоа прелидиум на сугестибилноста на лицето на лекарот. Умеењето да се исправи, поправи, надогради забот, прави од нас уметници. Моќта да со својата благост и експресија на лицето ја намалиме болката и вкочанетоста на стравот, чини од на волшебници.

Покажете ги своите лица!

Владанка Јовановска

[ welcome | what's new | student exchange | congress | articles | history | the discussion list | the people | contact | help ]
© Macedonian Dentistry Students' Association 1999-2005