MEDLIVE - International Online Academy
 
 
MEDLIVE

Заборавете на повеќедневните чекања за виза пред некоја од странските амбасади во Скопје и сите понижувања кои притоа ви се случуваат за да отпатувате на некој научен конгрес. MEDLIVE со својата Меѓународна академија на интернет започнувајќи од 01.01.2002 ќе ви овозможи да ги добиете најновите сознанија и достигнувања во областа на стоматологијата итоа дома.

IOA на MEDLIVE е спонзорирана од Германското здружение за стоматологија и орална медицина (DGZMK) и неговата академија за практика и наука. Програмата ќе се пренесува на англиски/германски јазик од централната ТВ станица сместена во Универзитетската клиника Бенџамин Френклин на Слободниот универзитет во Берлин. За да можете да ја следите програмата потребна ви е сателитска антена и дигитален декодер со ТВ или PC-card вметната во компјутер. Потребната опрема може да се добие ширум Европа преку овластен дилер на МEDLIVE или на интернет на http://www.medlive.de/

Во удобноста на вашата фотеља ќе ги добиете најновите сознанија од следниве области на стоматологијата:

    • Општа стоматологија и орална медицина
    • Периодонтистика
    • Оперативна стоматологија
    • Имплантологија
    • Ендодонтистика
    • Детска и адолесцентна стоматологија
    • Протетика
    • Орална медицина

Претплатата за една година е во зависност од програмата и тоа

    • Програма за студенти – 420 евра
    • Сениор-програма за стоматолози заинтересирани за постдипломски студии – 1320 евра
    • Мастер-програма за стоматолози кои сакаат комплетен МЕDLIVE програм и пренос - 2590 евра
    • Програма за забни техничари во полето на денталната технологија – 1220 евра

Повеќе информации за секоја од програмите и нивните содржини можете да побарате на интернет на следнава адреса http://www.medlive.de

Перица Бобев

 

[ welcome | what's new | student exchange | congress | articles | history | the discussion list | the people | contact | help ]
© Macedonian Dentistry Students' Association 1999-2005

Home