Општи
информации
 |
Сојуз на
студентите по стоматологија на Македонија Ул. "Водњанска"
17 п.п. 24, 91109 Скопје, Македонија
Тел/Факс ++389 91 123 474
stom.mak@nic.mpt.com.mk |
| Сојузот на
студенти по стоматологија на Македонија е
невладина и непрофитабилна организација, која ги
обединува студентите по стоматологија во
Република Македонија, со цел подобро остварување
на нивните заеднички интереси и претставување
пред Универзитетот и целокупната јавност. Тоа е
асоцијација со широк дијапазон активности како
на меѓународен, така и на домашен план. Како
полноправен член на Светската федерација на
студентите по стоматологија (СССМ), активно е
вклучена во сите нејзини проекти: меѓународна
размена на студенти, здравствена едукација на
населението, научни конгреси меѓу кои и
Интернационалниот стоматолошки студентски
научен конгрес во Охрид (секоја година
присуствуваат над 100 студенти) и многу други. |
 |
Претседателство
Во Претседателството на
СССМ спаѓаат:
ПРЕТСЕДАТЕЛ National
Exchange Officer (NEO)
- Илиев Зоран
- Котеска
Катерина
ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ
ЧЛЕНОВИ
- Попов Борче
- Костадинова
Ристенка
- Арамбабова
Емилија
- Ќурчиева Маја
Во
Наставнонаучниот совет учествуваат:
- Илиев Зоран
- Попов Борче
- Костадинова
Ристенка
- Арамбабова
Емилија
- Ќурчиева Маја
Совет
Во Советот на
Факултетот учествуваат:
- Илиев Зоран
- Попов Борче
- Котеска
Катерина
ДЕНТИЦИЈА
Во рамките на
активностите на СССМ од 1994 е и издавањето на
весникот ДЕНТИЦИЈА кој тематски ги покрива
областите на интересирање на студентите по
стоматологија.
Весникот излегува
двапати годишно но често поради финансиски
тешкотии излегувањето на нов број е
пролонгирано.
ДЕНТИЦИЈА е прогласена
за најдобар студенски весник за стоматологија од
страна на Генералното Собрание (General Assembly) на ИАДС
на полугодишната средба (Mid-year Meeting) на ИАДС
одржана од 23-26 Фебруари 1995 во Истамбул Турција,
каде учествувале студенти од 29 земји членки на
ИАДС.
DENTITIA ON-LINE
Од 1999 редакцијата на
весникот го издава и интерактивното издание DENTITIA
ON-LINE Web страна на СССМ на која покрај најновите
вести за активностите на СССМ се наоѓа голем број
на текстови од изданијата на Дентиција,
информации за историјата на СССМ, за можностите
за студентска размена во Македонија, како и
контакт информации за СССМ и редакцијата на
Дентиција.
DENTITIA ON-LINE
ја прават:
- Александар
Нечакоски
- Бобан Фиданоски
- Дарко Бојаџиски
- Александар
Донев
- Адријана
Атанасоска
- Бисера Лакинска
- Даниела Велеска
- Славица
Ѓурческа
- Саша Димитрова
- Зоран
Николовски
WELCOME TO DENTITIA ON-LINE
http://members.xoom.com/dentitia/ |