Стоматолошка Комора на Македонија

Стоматолошката комора на Македонија е независна, непартиска и непрофитна организација на докторите на стоматологија кои вршат професионална дејност, без разлика на полот, националноста и вероисповеста, здружени заради заштита и унапредување на стручноста, етичките должности и права, подобрување на квалитетот на стоматолошката здравствена заштита, следење на односот на здравствените работници кон општеството и граѓаните, како и заради заштита на интересите на стоматолошката професија.

Комората ги застапува и заштитува интересите на сите доктори на стоматологија кои се нејзини членови и доброволно пристапиле во неа и се грижи за угледот и дисциплината во вршењето на стоматолошката професија, независно каде ја обавуваат својата дејност.
За таа цел Комората ги врши следниве задачи:

  1. Води регистар на сите доктори на стоматологија што работат во стоматолошката здравствена дејност во Република Македонија кои се нејзини членови.
  2. Донесува акти - правилници за постапката на издавање, продолжување и одземање на лиценцата на членовите на Комората.
  3. Донесува Кодекс на стоматолошката деонтологија.
  4. Се грижи за почитување на етиката и правните норми при вршењето на стоматолошката пракса.
  5. Се грижи за придржување кон моралните принципи, чесноста и приврзаноста кон стоматолошката професија, за угледот на докторите на стоматологија, за дисциплината во извршувањето на стоматолошката професија и за чување на лекарската тајна.
  6. Се грижи за одбрана на честа и независноста на стоматолошката професија.
  7. Се грижи и го поттикнува постојаното стручно усовршување на своите членови, за која цел организира семинари, курсеви и други форми на усовршување.
  8. Учествува во склучување на договори со Фондот за здравствено осигурување и ги штити правата и интересите на докторите на стоматологија пред Фондот. Правото на склучување на договори со Фондот е подеднакво за сите доктори на стоматологија.
  9. Учествува во утврдувањето на вредноста на трудот на докторите на стоматологија и во донесувањето на основната цена на стоматолошките здравствени услуги.
  10. Дава мислења во подготвувањето на законите и прописите, планските документи и кадровски планови во областа на здравството во Македонија и соработува во утврдувањето стручни ставови за вршењето на стоматолошката лекарска пракса.
  11. На своите членови им дава правна помош во врска со вршењето на стоматолошката професија во рамките на задачите на Комората.
  12. Ги следи потребите на докторите на стоматологија и им помага во барањето вработување и соодветна замена за време на отсуство.
  13. Се бори против сите видови надрилекарства во Републиката и против нелегална стоматолошка дејност.

28.04.2006
ОДЛУКИ НА ОДБОРОТ НА ДОКТОРИ НА СТОМАТОЛОГИЈА ОД ЈАВНИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ ПО ОДНОС НА РЕФОРМСКИОТ ПРОЦЕС ВО СЕКУНДАРНАТА СТОМАТОЛОГИЈА

18.04.2006
Минимални (заштитни) цени на услугите во ординациите од примарна стоматолошка здравствена заштита.

21.07.2005
Заклучоците се доставени до проф.д-р Владо Димов, министер за здравство и проф..д-р Никола Пановски, директор на ФЗО

29.04.2005
Брошурата која ги објаснува новините во лиценцирањето на докторите на стоматологија може да се симне од сајтот на СКМ

03.03.2005
Заклучоци на Извршниот одбор на СКМ


Стоматолошка Комора на Македонија - Ул.Алберт Ајнштајн 7а 1000 Скопје, Македонија - Телефон/Факс: 02/3113-820