|
* за да можете да ги отворите овие
докумети, потребен Ви е Adobe Acrobat Reader.
Ако го немате, можете бесплатно да го превземете од
тука.
|
Според член 155, став 1 од Законот за здравствена
заштита (Сл. весник на РМ, бр. 38/91) здружувањето на докторите
во Лекарска, односно Стоматолошка комора е задолжително. Според
истиот член Лекарската, Стоматолошката односно Фармацевтската
комора немаат карактер на здружение на граѓани, туку за нив
е карактеристичен сталешкиот начин на организирање како стручно-професионални
асоцијации во кои се остваруваат јавно-правни интереси. Тоа
значи дека именуваните асоцијации имаат карактер на институции
со јавно-правен режим во кои е задолжително здружување.
Зачленувањето во Комората се врши со пристапница која
при исклучување или престанок на Комората задолжително се враќа.
Формулар за зачленување Формуларот за зачленување заедно со
потребните документи можете да ги доставите кај претседателот на
својот општински одбор (види ја страната општински одбори) или на
адреса на Стоматолошката комора на Македонија.
Членувањето е обврска и чест за сите доктори на
стоматологија државјани на Република Македонија, што обавуваат
стоматолошка дејност во Република Македонија.
- пензионирани доктори на стоматологија можат да
бидат почесни членови; - странски државјани можат да се
зачленат во Комората, доколку ги исполнуваат условите кои важат за
докторите на стоматологија државјани на РМ.
Права на членовите на Комората Членовите на Комората имаат право:
- да учествуваат во сите активности за остварување
на задачите на Комората со активно право на глас;
- да учествуваат во работата на сите органи и групи на Комората;
- да користат стручна и правна помош и услуги кои ги врши Комората
во рамките на нејзините задачи;
- да учествуваат на семинари и други видови на стручно усовршување
што ги организира Комората;
- да покренуваат иницијативи за донесување и за изградување мислења
и предлози по закони, прописи и други мерки од областа на
здравствената заштита и во областа на стоматологијата;
- да бидат информирани за работата на Комората и
нејзините органи и тела.
Должности на членовите на Комората
Членовите на Комората се должни:
- да го почитуваат Статутот, актите и одлуките на
Комората и органите на Комората;
- совесно да ја вршат стоматолошката лекарска професија;
- да го чуваат угледот на лекарскиот позив и да се придржуваат кон
законот, Статутот и Кодексот на стоматолошката деонтологија;
- пред Судот на честа при Комората да ги изнесуваат меѓусебните
спорови и случаи на повреда на Кодексот на стоматолошката
деонтологија;
- редовно да ја известуваат Комората за сите податоци пропишани
со Правилникот за водење на регистар на доктори по стоматологија;
- редовно да плаќаат чланарина определена со
Правилникот за финансиско работење на Комората.
Стоматолошката комора на Македонија води регистар на
доктори на стоматологија кои се нејзини членови, ги обновува и
ажурира податоците и врз нивна основа издава:
- членска карта,
- лиценца за работа,
- уверение дека членот на Комората не е кривично
гонет или осудуван за нестручно или непрофесионално однесување
или прекршување на Кодексот на стоматолошката деонтологија,
- потврди, податоци, препораки и факти на барање
на членовите на Комората,
- други исправи и уверенија кои Комората ги издава
врз основа на Закон и други прописи.
Заради обезбедување на личниот интегритет на докторите
на стоматологија користењето на податоците од Регистарот е строго
контролирано, со точно водена евиденција за видот на дадените
податоци, корисникот и целта на користење на истите.
Врз основа на одредбите од Правилникот за Солидарниот
фонд на Стоматолошката комора на Македонија, истиот служи да давање
помош и позајмици на членовите на Комората и членовите на потесното
семејство кои ќе се најдат во тешка материјална состојба, врз основа
на начелата на взаемност и солидарност.
Стоматолошката комора за своите членови и членовите
на нивното потесно семејство обезбедува попуст од 30% на авионските
билети за сите редовни летови на компаниите МАТ и АВИОИМПЕКС.
На страниците на гласилото на Лекарската комора
на Македонија VOX MEDICI (http://www.lkm.org.mk/publikacii.htm)
Стоматолошката комора ги информира членовите за своите активности и
за актуелности во областа на стоматолошката наука и пракса,
конгреси, симпозиуми, секции и саеми во земјата и странство,
здравственото законодавство во областа на стоматологијата и
др.
|
 |