|
Стоматолошката комора на Македонија
е независна, непартиска и непрофитна организација на докторите
на стоматологија кои вршат професионална дејност, без разлика
на полот, националноста и вероисповеста, здружени заради заштита
и унапредување на стручноста, етичките должности и права, подобрување
на квалитетот на стоматолошката здравствена заштита, следење
на односот на здравствените работници кон општеството и граѓаните,
како и заради заштита на интересите на стоматолошката професија.
Комората ги застапува и заштитува интересите на сите
доктори на стоматологија кои се нејзини членови и доброволно
пристапиле во неа и се грижи за угледот и дисциплината во вршењето
на стоматолошката професија, независно каде ја обавуваат својата
дејност. За таа цел Комората ги врши следниве задачи:
- Води регистар на сите доктори на стоматологија што
работат во стоматолошката здравствена дејност во Република
Македонија кои се нејзини членови.
- Донесува акти - правилници за постапката на издавање, продолжување
и одземање на лиценцата на членовите на Комората.
- Донесува Кодекс на стоматолошката деонтологија.
- Се грижи за почитување на етиката и правните
норми при вршењето на стоматолошката пракса.
- Се грижи за придржување кон моралните принципи,
чесноста и приврзаноста кон стоматолошката професија, за угледот
на докторите на стоматологија, за дисциплината во извршувањето
на стоматолошката професија и за чување на лекарската тајна.
- Се грижи за одбрана на честа и независноста
на стоматолошката професија.
- Се грижи и го поттикнува постојаното стручно
усовршување на своите членови, за која цел организира семинари,
курсеви и други форми на усовршување.
- Учествува во склучување на договори со Фондот за здравствено осигурување
и ги штити правата и интересите на докторите на стоматологија
пред Фондот. Правото на склучување на договори со Фондот е
подеднакво за сите доктори на стоматологија.
- Учествува во утврдувањето на вредноста на трудот
на докторите на стоматологија и во донесувањето на основната
цена на стоматолошките здравствени услуги.
- Дава мислења во подготвувањето на законите и прописите, планските
документи и кадровски планови во областа на здравството во
Македонија и соработува во утврдувањето стручни ставови за
вршењето на стоматолошката лекарска пракса.
- На своите членови им дава правна помош во врска
со вршењето на стоматолошката професија во рамките на задачите
на Комората.
- Ги следи потребите на докторите на стоматологија
и им помага во барањето вработување и соодветна замена за
време на отсуство.
- Се бори против сите видови надрилекарства
во Републиката и против нелегална стоматолошка дејност.
|
 |