49. Светски Конгрес на ИАДС - Шарм Ел-Шеик, Египет
04-11 Aвгуст 2002
 

Арапски стомачен танц, нуркање во Црвеното Море, ноќно сафари кај Бедуините - толку убав може да биде еден конгрес. И при овогодишната средба меѓу студентите по стоматологија и младите стоматолози покрај научните изложувања и собири, имаше привлечни активности на програмата.

Пак излезе добра приказна! Пред два месеци 180 студенти по стоматологија и млади стоматолози од преку 20 земји членки на ИАДС се собраа на Стоматолошкиот Конгрес во Шарм-Ел-Шеик во Египет, организиран од научното здружение на студентите по стоматологија при Универзитетот Александрија (ДССА). Сега сите се повторно дома и се потсетуваат на едно време, кое сигурно нема наскоро да го заборават.

Египет ја имаше честа да организира конгрес уште во 1951година кога ИАДС одржа конгрес во Александрија. Но, овој пат тие ги фасцинираа гостите со својот рај за нуркање, Шарм-Ел-Шеик на Црвеното Море.

Нашата посета на Египет започна со тн. Предконгрес во Каиро. Заедно со другите учесници на Конгресот уживавме во впечатливоto "патување низ пустината" на камили до пирамидите во Гиза, во пловење со брод низ Нил, посета на музеј и се разбира посета на традиционалната чаршија во Каиро.

Во Шарм Ел-Шеик, на јужниот крај на полуостровот Синаj нашиот конгрес конечно требаше да почне: покрај главните состаноци, трите генерални собранија ( General Assembly ), и научната програма во која имаа презентации професори и млади стоматолози, на гостите исто така им беше понудена и многу "оддишувачка" и забавна програма.

По прославата на отварањето, на вториот ден следеше вечера во Хард Рок Кафе', каде што меѓу сите учесници на Конгресот се разви едно чувство како одамна да се познаваат. Игравме се' додека не моравме во автобусите и назад во хотел. Ама еден ИАДС Конгрес не би бил конгрес без утрински After-hours-poolparties или без "ИАДС светско првенство" во фудбал или одбојка. Или релаксација на плажа или во Црвеното Море. Навечер имавме програма како "фолклорна вечер" со арапски СТОМАЧЕН ТАНЦ - ( популарниот "трбушњак"). При изборот на Мис Конгрес-"играчица" ја крунисувавме секоја ИАДС девојка којашто стомачниот танц можеше најдобро да го имитира. Расположението се крена уште повеќе кога на бината се качија четворица машки "стомачни играчи".

Едно од наjинтересните нешта секако беше сафарито со Beach Buggies, со вклучителната "Бедуинска ноќ". Доцна вечерта двајца по двајца возевме на едно такво Buggy: сите ние 147 завлегувавме во темната пустина со замоткани лица за заштита од прашина и песок. Некаде, меѓу неколку ридчиња осветлени со свеќи бевме пресретнати и поздравени од разиграни и распеани "Бедуини" кои не' нудеа со водено луле (популарната арапска "шиша" - т.е наргиле) со арома на јаболка.

За текот на научниот дел од Конгресот сакам да забележам дека, по новите избори на Претседателството на Конгресот 2001 во Малезија, се случи по нешто.Еве неколку примери:

  • Благодарение на новоизбраното Претседателство ( Извршниот Комитет - ExCo) беше актуелизиран Homepage-от на ИАДС (www.IADS-web.org). Тука е претставена ИАДС со нејзината 51-годишна историја и структура, нејзините цели и сегашните земји членки. Со помош на рубриката Проекти / Активности секој заинтересиран може да се информира за тековната програма за размена на студенти меѓу земјите членки или за понудите за волонтерска работа, како на пр. за Фелопепа Тренинг Проектот во Јужна Африка.
  • Додека на Состаноци / Случувања можат да се најдат извештаи за минатите седници, како и најновите термини за идните состаноци на ИАДС, на Документи / Архива можат да се даунлодуваат протоколи за седниците и формулари.
  • Следи тоа што функцијата на Homepageот преку разгранување на еден Форум треба да се прошири во платформа за интернационална размена.
  • Беше издаден еден Весник -Newsletter во 5000 примероци којшто беше испратен на околу 760 универзитети, здравствени организации и фирми за стоматолошка опрема низ целиот свет. Пошироко издание е планирано веќе за оваа година.
  • На овој конгрес "Саемот за размена" беше повторно воведен: Данска, Норвешка, Унгарија, Чешка, Македонија, Словенија, Русија, Полска, Германија, Португалија, Египет, Судан и Финска беа презентирани преку нивните делегати, на кој секоја делегација направи свој штанд со разни типични предмети, донесени од нивната земја. За време на оваа "контакт берза" претставниците од различните земји можеа да стапат во контакт со другите претставници и евентуално да потпишат договори за билатерална размена.
  • Како и секоја година и 2002 беше изберено ново претседателство на ИАДС. Новонастанати се за сега два постојани комитети: Комитет за наука и образование SCORE (формиран по иницијатива на македонскиот делегат Александар Нечаковски ), со задача да собира информации за можностите за постипломски студии, и подоцна да ги вклучи на веб страницата и со тоа да ги направи достапни на сите. Вториот комитет ќе се грижи за контактирање на нови спонзори. Понатаму, поранешниот претседател на ИАДС Д-р Кристофер Ор (Велика Британија) за неговата долгогодишна активност беше одликуван за доживотен почесен член.

Следната средба ќе биде во Краков / Полска, на крајот на март. Следниот конгрес ќе биде повторно во првата недела од август 2003 год. но, овој пат во Анталија / Турција.

Оставете повторно да кажам: Се надевам се гледаме следниот пат!

Ташкин Туна
( превод од германски - Даниела Цветановска, адаптација А.Н.)

 

egipet2002_sl1.JPG egipet2002_sl2.JPG egipet2002_sl3.JPG
egipet2002_sl5.JPG egipet2002_sl4.JPG egipet2002_sl6.JPG

 

 

[ welcome | what's new | student exchange | congress | articles | history | the discussion list | the people | contact | help ]
© Macedonian Dentistry Students' Association 1999-2005

Home